01: Следбеникот го познава таткото
Лука 15:11-32
НОВИ
СЛЕДБЕНИЦИ НА ИСУС
ЗАПОЧНУВАЊЕ
15-20 МИН
РАЗГОВОР
-
За што си благодарен?
-
Што ти причинува стрес?
-
Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?
РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)
-
Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.
-
Што направи поразлично поради оваа приказна
-
Кому му кажа и каква беше нивната реакција?
ПОДЛАБОКО
30-40 МИН
ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ
-
Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.
-
Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.
Лука 15:11-32
11 Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина. 12 Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот.
13 По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат. 14 Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија. 15 Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите. 16 Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
17 Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам! 18 Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! 19 Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘
20 Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна. 21 Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘
22 Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете! 23 Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова, 24 зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата.
25 Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри, 26 па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува. 27 ,Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘
28 Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли. 29 Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите. 30 А кога се врати овој твој син, кој по блудници го потроши сиот свој имот, за него го закла најдоброто теле!‘
31 Таткото му одговори: ,Сине, ти си секогаш овде, со мене, и сe што е мое е и твое. 32 Но треба да се радуваме и да прославиме, зашто брат ти беше мртов и оживе; беше загубен, но сега е најден.‘“
ПРАШАЊАТА
-
Што учиме од текстот за Исус, Бог или неговиот план?
-
И, што учиме за луѓето?
ЛИЧНА ПРИМЕНА
15-20 МИН
-
Според ова проучување, што правиш добро?
-
Што треба да промениш / исполниш?
-
Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?
-
Кого можам да поканам на проучување на Библијата?