top of page
crumpled-4983116_1280.jpg

09: Следбеникот создава други ученици

Матеј 28:18-20

map-of-the-world-2401458_1920.jpg

НОВИ

СЛЕДБЕНИЦИ НА ИСУС

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Матеј 28:18-20

18 Приближувајќи им се, Исус им рече: „Ми се даде целата власт, на небото и на Земјата. 19 Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици; крштавајте ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух; 20 Учете ги новите следбеници да го извршуваат сето она што вам ви го заповедав. А Јас ви ветувам дека секојдневно ќе бидам со вас, се до свршетокот на времето. Амин!“

ПРАШАЊАТА

  • Што учиме од текстот за Исус, Бог или неговиот план?

  • И, што учиме за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правиш добро?

  • Што треба да промениш / исполниш?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page