ГОЛЕМАТА
СЛИКА
20: ИСУС ЈА СМИРУВА ВУРАТА
Марко 4:35-41
ЗАПОЧНУВАЊЕ
15-20 МИН
РАЗГОВОР
-
За што си благодарен?
-
Што ти причинува стрес?
-
Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?
РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)
-
Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.
-
Што направи поразлично поради оваа приказна
-
Кому му кажа и каква беше нивната реакција?
ПОДЛАБОКО
30-40 МИН
ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ
-
Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.
-
Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.
Марко 4:35-41
35 Тој ден вечерта им рече: „Да минеме на спротивната страна!“ 36 И кога го отпуштија народот, учениците Го зедоа со себе, како што беше во коработ, а го следеа и други кораби. 37 И се подигна голема бура, и брановите се префрлуваа во коработ, така што коработ веќе пропаѓаше.
38 Тој, пак, беше на кормилото и спиеше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“
39 А Тој стана, му се заповеда на ветрот и му рече на морето: „Молкни, престани!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина. 40 Па им рече: „Што сте толку плашливи? Зар сѐ уште немате вера?“
41 И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?“
ПРАШАЊАТА
-
Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?
-
Што стихот кажува за луѓето?
ЛИЧНА ПРИМЕНА
15-20 МИН
-
Според ова проучување, што правам добро?
-
Што треба да променам / исполнам?
-
Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?
-
Кого можам да поканам на проучување на Библијата?