top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

22: ИСУС ОЖИВУВА ЧОВЕК

Јован 11:1-44

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Јован 11:1-44

1 Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од селото на Марија и нејзината сестра Марта. 2 А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа која Го помаза Господ со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса. 3 Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го ми­луваш, болен е.“

4 Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.“ 5 А Исус ги сакаше Марта, нејзината сестра, и Лазар. 6 А кога чу дека е болен, тогаш ос­та­на уште два дни во местото каде што се наоѓаше. 7 Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!“

8 Учениците Му рекоа: „Рави, сега са­каа да Те убијат со камења, и пак ли та­му ќе одиш?“

9 Исус одговори: „Нели има дванаесет часови во денот? Кој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет; 10 а кој оди ноќе, се сопнува, зашто не­ма светлина во него.“ 11 Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам.“

12 Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“ 13 Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон.

14 Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре! 15 Но се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате – туку, да отидеме кај него.“

16 Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: „Да отидеме и ние да умреме со него.“

17 Кога дојде Исус, откри дека тој ве­ќе четири дена е во гроб. 18 А Витанија беше близу до Еру­са­лим, околу петнаесет стадии; 19 и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија да ги утешат за нив­ни­от брат. 20 Кога чу Марта дека доаѓа Исус, из­лезе пред Него; а Марија седеше дома. 21 Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, ако беше Ти овде, брат ми не­маше да умре. 22 Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде.“

23 Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе вос­кресне!“

24 Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во пос­ледниот ден.“

25 А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресени­ето и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. 26 И секој што живее и верува во Ме­не, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“

27 Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“ 28 Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“ 29 Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него;

30 зашто Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше каде што Го беше до­чекала Марта. 31 Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот да плаче. 32 А Марија, штом пристигна таму ка­де што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“

33 Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се потресе, 34 па рече: „Каде сте го положиле?“

Му рекоа: „Господи, дојди и види!“ 35 Исус просолзи. 36 Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го сакал!“ 37 Некои од нив, пак, велеа: „Не мо­жеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“

38 А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и ка­мен навален на неа. 39 Рече Исус: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“

40 Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“ 41 Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благода­рам што Ме услиши. 42 Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради на­родов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“ 43 Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!“ 44 излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page