top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

25: ИСУС Е РАСПНАТ

Лука 23:32-56

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Лука 23:32-56

32 Водеа и двајца злосторници, за да ги погубат со Него. 33 И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот оддесно, а другиот одлево.

34 А Исус рече: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждрепка.

35 А народот стоеше и гледаше; се потсмеваа заедно со народот и прво­свештениците, велејќи: „Други спаси, нека Се спаси и Сам, ако е Тој Христос, избраникот Божји!“ 36 Исто така и војниците се подигруваа со Него; приближувајќи се, тие Му принесуваа оцет, 37 и велеа: „Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Сам!“ 38 А над Него имаше натпис, напишан на грчки, латински и еврејски: „Овој е Царот Јудејски.“

39 Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себе Самиот и нас!“

40 А другиот, кога одговори, го искара и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога си веќе и сам осуден? 41 Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според на­шите дела; но Тој ништо лошо не направил.“ 42 И Му рече на Исус: „Сети се на ме­не, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“

43 А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!“

44 А беше веќе околу шестиот час и настана мрак по целата земја, до деветтиот час; 45 и сонцето потемне, и за­весата на храмот се расцепи преку средината. 46 А Исус извика гласно и рече: „Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!“ И штом го рече тоа, издивна.

47 Стотникот, пак, кога виде што ста­на, Го прослави Бога и рече: „Навис­ти­на Овој Човек бил праведник!“ 48 И сиот народ што беше се собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше удирајќи се в гради. 49 А сите Негови познати, и жените, што Го следеа од Галилеја, стоеја по­да­леку и го гледаа тоа.

50 А ете, се најде и човек по име Јосиф, член на советот, добар и праведен човек. 51 Тој не ја одобри одлуката на советот и делата нивни. Беше од јудејскиот град Ариматеја. А и самиот го оче­ку­ва­ше царството Божјо. 52 Па така тој отиде кај Пилат и го из­моли телото Исусово; 53 па Го симна и обви во платно, Го положи во гроб издлабен во камен, во кој уште никој не беше положен. 54 Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше.

55 По него одеа и жените, што беа дошле со Исус од Галилеја, и го видоа гробот и полагањето на телото Негово. 56 А потоа се вратија, приготвија ми­риси и миро, а во саботата одмараа спо­ред заповедта.

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page