Добредојдовте во Соулкрафт Црква
Помагаме луѓето да Го познаат Исус
Помагаме на луѓето да го започнат и развијат својот живот со Исус Христос — токму тука во нашата заедница.
„Дојдете кај Мене сите вие кои сте изморени и натоварени со тешки бремиња, Јас ќе ве одморам!“
Матеј 11:28
Заедно го следиме Исус
Ние сме заедница од луѓе со различно потекло, обединети во едно — желбата да живееме со Христос и да Го споделиме со сите луѓе.
Во Соулкрафт веруваме дека црквата не е верски објект, црквата е заедницата сплотена и водена од Христос! Луѓе обликувани од Светото Писмо, молитвата, богослужбата и вистинско пријателство.
Нашата приказна →Сите сте добредојдени!
Без разлика каде сте во животот и на патот на верата, во нашата црква Соулкрафт има место за тебе. Добредојден си таква и таков каков што си!
Неделна богослужба
Придружете ни се на неделната богослужба во поучувањето на Библијата и заедништво.
Обезбеден превод на многу јазици
Македонскиот не ви е прв јазик? Нема проблем. Секоја недела нудиме превод на англиски, албански или кој било јазик што ви е близок.
Слушај тука →Детски час
Вашите деца ќе го сакаат! Забавни и соодветни содржини и наставници кои ги учат децата за Исус.
Дознај повеќе →Видео и аудио пораки
„Една поента“ е кратка сумаризација на неделните проповеди на пастор Никола Галевски. Целосните проповеди се на нашиот подкаст, а наскоро ќе ја имаме и првата епизода на подкастот EQUINOX.