Ново: проповедите сега се и подкаст. Слушајте

Евангелска Црква Соулкрафт - Центар

Кои сме ние и во што веруваме

Ние сме заедница на луѓе во Скопје кои открија дека познавањето на Исус лично — не како традиција или културна ознака, туку како живи однос — сè менува.

„Никој не смее да поставува друг темел, зашто тој е веќе поставен, а тоа е Исус Христос.“

Павле

1. Коринтјани 3:11

Портрет на пасторот Никола Галевски, главен пастор на Соулкрафт Црква
Главен пастор Никола Галевски
Нашиот главен пастор

Никола Галевски

Пастор · Предавач · Другар

Никола Галевски е главниот пастор на ЕЦ Соулкрафт, креатор на визијата и насоката на црквата. Израснал во Скопје, со многу супер другари и другарки, образуван во Карпош, Борис и УКИМ (Историја на уметност со археологија) со интензивен интерес за фудбал, баскет, историја, археологија, стари јазици, уметност и живот со Бог и Библијата - без кафе.

Неговата најголема желба е да биде од помош на секој човек, без разлика на позадината, кој сака да започне и култивира живот со Христос. Таа желба обликува сè во Соулкрафт — начинот на кој се собираме, се молиме, учиме и живееме заедно.

Никола ги води нашите групи, ги менторира идните лидери и е длабоко посветен на црквата која за нас е повеќе семејство, отколку институција. Тој е секогаш срдечно отворен за секој кој поставува прашања за верата и животот.

Нашиот темел

Во што веруваме

Сакаме да бидеме јасни, не затоа што уживаме да повлекуваме линии, туку затоа што мислиме дека јасноста е добра. Ова се нештата во кои веруваме со целото срце и ум, уверувања на кои е изградено сè во Соулкрафт.

Кој е Бог

Веруваме во еден Бог кој постои вечно како три лица — Отец, Син и Свет Дух. Исус Христос е целосно Бог и целосно човек. Тој живееше совршен живот, умре на крстот наместо нас и воскресна на третиот ден. Тој е жив денес и Тој е единствениот начин вистински да Го познаеш Бога. Ова не е религија — тоа е однос со Бог кој е реален и близок.

Библијата

Веруваме дека Библијата е инспирираната и целосно доверлива Божја Реч — највисокиот авторитет за тоа како живееме и во што веруваме. Тоа не е само стар верски текст или збирка традиции. Таа е жива и директно зборува во секојдневниот живот. Во Соулкрафт, ја читаме, се бориме со неа и ѝ дозволуваме да нè обликува — затоа што веруваме дека тоа е Божјиот глас кон нас.

Гревот

Веруваме дека секој човек — без исклучок — згрешил и не ги исполнува Божјите стандарди. Гревот не е само за најлошите работи кои луѓето ги прават. Тоа е состојба на човечкото срце која нè одвојува од Бог и од ближниот. Никаква традиција, добро однесување, верски ритуал или културен идентитет не може да го затвори тој јаз. Не можеме да се спасиме сами — и токму затоа ни треба Спасител - Исус Христос.

Спасението

Веруваме дека спасението — да се помириш со Бога — е бесплатен подарок кој не може да се заработи. Доаѓа преку личното верување во Исус Христос и она што Тој го направи на крстот. Не преку традиција, наследство, крштевање, посетување црква или напор — туку само преку благодат, само со вера, само во Христос. Секој кој доаѓа кај Исус со вера добива прошка, нов живот и ветувањето за вечност со Бога.